Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Сентябрь
2018

Новости за 09.09.2018

Владата се пофали со раст на БДП, ВМРО-ДПМНЕ тврди економијата е пред колапс

SlobodnaEvropa.mk 

Во вториот квартал од 2018 година растот на бруто домашниот производ (БДП) достигна 3,1 процент. Во првото полугодие од годинава остварени се 327 милиони евра странските директни инвестициии, што е за 218 отсто повеќе од просекот од последните три години, а растот на индустриското производство за истиот период од лани е поголем за 8,4 проценти како и зголемувањето на работници во индустријата за 7,2 отсто во истиот период. Намалена е стапката на невработеност на 21,1 процент, што е историско најниско досега. Читать дальше...

Заев: Нема директни докази за мешање на Русија во внатрешните работи на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема директни докази за мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. “Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. Но, за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ”, рече Заев. Читать дальше...

Џафери: Посетата на Џонсон е континуитет на поддршката на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенатор Рон Џонсон денеска на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека во земјава дошол за да ја пренесе и потврди поддршката на САД за надминување на последната пречка кон полноправното членство во НАТО. Тој истакна дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на Република Македонија, а со тоа се поттикнува растот на економијата, што всушност е и примарната цел. Се заблагодари за досегашниот придонес на Македонија во НАТО мисиите и за определбата за трошење на 2 отсто од БДП за одбраната. Читать дальше...



Вучиќ: Решението за Косово не е на повидок

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување какво било решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не дека не е оптимист по тоа прашање. "Јас се молам тоа да биде за можеби пет до десет години. Ќе разговараме и ќе преговараме до исцрпеност, доколку е потребно. И затоа, во Косово дојдов да ви кажам дека некој, некогаш во иднина, ќе мора да постигне компромис со Албанците“, рече Вучиќ. Читать дальше...

Дебатата за референдумот го одложи прогресивниот данок

SlobodnaEvropa.mk 

Референдумската кампања ја одложи дебатата која требаше да се води ова лето во врска со воведувањето на прогресивниот данок, што беше најавено за 1 јануари следната година. Владата во сегашните интензивирани активности во врска со кампањата за претстојниот референдум нема да брза во врска со прогресивниот данок, а премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека даночната реформа реално е одложена поради кампањата, бидејќи доколку се водела во такви услови, таа ќе била подзаскриена. Читать дальше...

Избори во Шведска, имиграцијата главна тема

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарни избори чии резултати се очекува да бидат најнеизвесни во историјата на земјата во последните децении. Изборите доаѓаат по острите дебати за имиграцијата. Ова е и прво изјаснувањето на граѓаните откако владата во 2015 година дозволи влегување на 163 000 мигранти во земјата која има десет милиони жители. Иако бројката е далеку помала од онаа што ја прими Германија, сепак се работи за најголем број примери мигранти по глава на жител во Европа.... Читать дальше...

ЕУ жали што на Вучиќ не му беше дозволено да го посети Бање

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина. Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени на патиштата кон тоа село и повика на смирување на состојбата. "Утрово беа блокирани сите патишта кои водат кон селото Бање, пред планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ. Читать дальше...

Сенаторот Џонсон ги пофали Заев и Ципрас и побара да се гласа на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Излезете и иекористете го своето право да гласате на престојниот референдум. Дајте им дознаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Со оваа порака излезе денеска американскиот сенатор Рон Џонсон по средбата што ја имаше во Владата со премиерот Зоран Заев. Сенаторот Џонсон средбата со Заев ја оцени како мошне позитивна и нагласи дека во Македонија дошол за да даде охрабрување и поддршка на целиот процес од решавањето... Читать дальше...



Русите гласаат на локални избори

SlobodnaEvropa.mk 

Руските граѓани денеска гласаат на регионални и локални избори во атмосфера на невообичаени јавни несогласувања поради контроверзниот владин план за зголемување на возрасната граница за пензионирање. Гласачките места се отворени , а граѓаните бираат први луѓе во 21 од 85 руски административни области меѓу кои и Москва. Во 16 области се бираат и законодавни тела, додека во другите се одржуваат градоначалнички избори. Гласањето е прв главен тест за владеењето на претседателот Владимир Путин и премиерот... Читать дальше...

Блокади, протести и пукање за време на посетата на Вучиќ на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на ОВК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бање во општина Србица, каде требаше да помине државната колона на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во дводневна посета на Косово, објави српската државна телевизија РТС, и додаде дека во селото Трнава се слушнале и истрели. Како што јави РТС, а на чии информации се повикуваат и светските новински агенции, по истрелите во селото Трнава, полицијата ја запрела колоната на Вучиќ на пат кон селото Бање. Читать дальше...

Ципрас во Солун го пофали Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Прототип на грчката позиција за пристап на соработка и комуникација со сите соседи е Договорот од Преспа, договор кој ги отвора Грците кон светот, а на Солун му дава можност одново да стане престолнина на Балканот, рече грчкиот премиер на свеченотот отворање на Меѓународниот саем во Солун. Алексис Ципрас изрази надеж дека Солун треба да биде срцето на балканскиот развој, точка на трговија и економска размена, мост на цивилизации, а не ѕид и град со завртен грб кон соседите. “Со овој отворен хоризонт... Читать дальше...

Харадинај: Секој обид за загрозување на Косово ќе биде поразен

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај синоќа на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека секој “обид да се загрози територијалниот интегритет и владеењето на правото на Косово ќе биде поразен”. "Како премиер на Косово ве уверувам дека ќе го победиме секој обид да се загрозат овие основни принципи поради кои нашиот народ многу се жртвуваше” напиша Харадинај, додавајќи дека Косово е земја која верува во слободата на изразување и демократските вредности.

Инциденти во Солун до доцна во ноќта

SlobodnaEvropa.mk 

До доцна синоќа траеја инцидентите во центарот на Солун по протестот против Договорот од Преспа. Според локалните медиуми, над 20 лица се приведени, најмалку две се повредени, неколку лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите, а предизвикана е и материјална штета на продавници и објекти во центарот на градот. Маскирани лица палеа канти за отпадоци и фрлаа молотови коктели, камења, дрва по полицајците, кои одговорија со солзавец и шок бомби. Според грчките медиуми... Читать дальше...

ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 - те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија. Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДУИ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа. На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ... Читать дальше...

Косовската влада ја откажа посетата на Вучиќ на Бање, тој сепак ќе оди

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност. Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее. “Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме”, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми... Читать дальше...

Американскиот сенатор Рон Џонсон во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој е коспонзор на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа денеска престојува во посета на Скопје. Џонсон во претпладневните часови ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а најaвена е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Сенаторот Џонсон во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски активности пред претстојниот референдум, на 30 септември. Вчера во Скопје престојуваше германската канцеларка Ангела Меркел, а изминатите денови беа и генералниот секретар на НАТО... Читать дальше...

Времето денеска сончево и ветровито

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.  Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, дневната од 25 до 32 степени. Во Скопје, слично време со температура од 13 до 29 степени.  Следува период на стабилно и суво време со посвежи утра и дневни температури кои до петок ќе достигнат до 34 степени.

Адеми – Не треба да се брза со реформите во образованието

SlobodnaEvropa.mk 

Битно е да имаме квалитетен закон и квалитетни реформи. Од искуство знаеме дека од брзање, од носење на брзи реформи, патат нашите ученици, нашите деца, затоа никој не треба да дозволи да се експериментира со децата, вели министерот за образование Арбер Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Адеми - Наследени долгови се причина за проблемите во образованието

SlobodnaEvropa.mk 

Не би било коректно да кажам дека нема предизвици во образованието, а дел од проблемите со кои се сочуваме подолг период како држава се и од финансиски карактер, вели министерот за образование и наука Арбр Адеми, коментирајќи ги проблемите кои го одбележаа почетокот на училишната година.



Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о компенсации части затрат на путевки в оздоровительные лагеря в рамках нацпроекта «Семья»


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин исключил запрет для самокатчиков ездить по тротуарам в Москве



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

OG Buda

Настоящая дружба: как Федук и OG Buda выглядели до популярности




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»


ATP

Казахстанец совершил фантастический рывок в рейтинге ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Game News

Sea War: Raid 1.131.0



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России