Најмалу осум повредени во пожар во Германија
![Најмалу осум повредени во пожар во Германија](https://gdb.rferl.org/0BC59D98-B3AF-4D89-88AA-A64DBC90DDB2_w800_h450.jpg)
Најмалку осум лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во една рафинерија во јужна Германија. Полицијата соопшти дека тројца од жртвите претрпеле сериозни повреди, а околу 2000 лица биле евакуирани од местото на несреќата. Експлозијата одекнала во 5.30 часот по локално време, во рафинерија во близина на градот Инголшатат.