Тројца загинати при уривање на хеликоптер „Ми-8“ во Сибир
![Тројца загинати при уривање на хеликоптер „Ми-8“ во Сибир](https://gdb.rferl.org/11CF02B4-E2D9-4DB2-84FD-115AC1A1263B_w800_h450.jpg)
Руската Влада соопшти дека тројца руски членови на екипажот загинале во хеликоптерска несреќа во Сибир. Министерството за вонредни состојби во Сибир денеска соопшти дека телата на тројцата членови на екипажот биле пронајдени на местото на уривањето на хеликоптерот „Ми-8“, во областа на регионот Иркутск.
Министерството соопшти дека хеликоптерот, управуван од руската државна компанија „Ангара ерлајнс“, бил на мисија за испитување кога исчезнал од радарските екрани на контролорите на воздушниот сообраќај.
Несреќата се случи на исти ден кога сличен хеликоптер „Ми-8“ ангажиран од авганистанското Министерство за одбрана, управуван од молдавска компанија, се урна на полетување од воена база во близина на северниот авганистански град Мазар-е Шариф.
Најмалку 10 авганистански војници и двајца членови на екипажот загинаа во несреќата. На 4 август хеликоптер „Ми-8“ се урна во сибирскиот регион Краснојарск, при што загинаа 18 лица.