Брегзит ќе ја зголеми опасноста од распад на Британија
Излегувањето на Британија од Европската унија би можело да ја зголеми поддршката за независна Шкотска и за обединета Ирска. Ова се наведува во најновата анкета, објавена од проевропската група „Best for Britain“. Четириесет и седум проценти од Шкотите изјавија дека ќе ја поддржат независноста ако се одржи референдум по Брекзитот, додека 43 насто велат дека ќе гласаат за да останат во Британија. Шкотска ја отфрли независноста од 55 на 45 отсто на референдумот во 2014 година. Шкотските гласачи, исто така, силно се залагаа за останување во Европската унија, при што 62 насто на референдумот во 2016 година, гласаа за да останат. Истражувањето, исто така, сугерира дека поддршката за обединета Ирска ќе скокне кога Британија ќе ја напушти ЕУ, особено ако се воведе цврста граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска. Од 1,199 анкетирани во Северна Ирска, 52 насто рекле дека ќе гласаат за обединета Ирска.