Во Србија формиран нов опозициски фронт
Сојузот за Србија, политички блок кој обединува 10 опозициски политички партии и движења, формално е основан во Белград, со потпишување договор и усвојување на програма од 30 точки. Меѓу главните точки на програмата на Сојузот за Србија е создавањето услови за фер избори, борбата против криминалот, противењето на членството на Приштина во ОН, нова економска политика, вработувањето на младите и борбата против сиромаштијата. Во заедничката изјава лидерите на опозицискиот блок наведоа дека се собрале не само за да ја сменат власта која ја предводи претседателот на Србија и на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, туку и за „промена на политиката на понижување на сите граѓани на Србија“. Во Србија пред 10 дена се формира уште еден опозициски блок- Граѓански блок 381, предводен од Саша Јанковиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани.