В сабота протести во Солун против Договорот од Преспа
![В сабота протести во Солун против Договорот од Преспа](https://gdb.rferl.org/C677E32F-9F90-4F54-8BAA-6F13E81F7721_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Против Договорот од Преспа в сабота ќе се одржи протест во Солун за време на отворањето на Меѓународниот саем, кој го организираат грчките организации од дијаспората и „Комисијата за борба за Македонија.“
„Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на Меѓународниот саем. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии“, пишуваат организаторите во соопштението, пренесѕва МИА.
Организаторите се истите кои стоеја зад протестите во Солун и Атина во јануари и февруари годинава. Тие преку видео спот порачуваат дека „Македонија не се отстапува“, „Македонците не потпишаа ништо, Договорот од Преспа е неважечки.“
Секоја година на отворањето на традиционалниот меѓународен саем во Солун се обраќа премиерот на земјата и ја презентира агендата и политиката на Владата за лседниот период. Освен протестите против договорот од Преспа, демонстрации најавуваат и грчките синдикати против владината политика.