Проштална средба на Димитров со рускиот амбасадор Шчербак
![Проштална средба на Димитров со рускиот амбасадор Шчербак](https://gdb.rferl.org/14D5C20E-C6B2-4F27-B8F4-B360421D5B03_cx33_cy0_cw64_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак, кој ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје, соопшти МНР.
Од Министерството наведуваат дека Димитров изразил надеж дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат во духот на традиционалното пријателство и меѓусебно уважување, притоа укажувајќи дека Македонија, која е стратешки ориентирана кон евро-атлантските интеграции, придава значење и на развивање на односите со Русија и оти е подготвена за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес. Димитров му посакал на Шчербак успех во извршувањето на идните функции.