Назначени директори на 22 национални установи
![Назначени директори на 22 национални установи](https://gdb.rferl.org/541D8A39-D6E7-4CEE-ACDA-B4062BA5A4BC_w800_h450.jpg)
Министерството за култура назначи 22 директори на Национални установи кадешто досега имаше вршители на должност. Директорка на Македонскиот народен театар е Симона Угриновска која досега ја извршуваше функцијата вршител на должност, откако оставка си поднесе нејзиниот претходник Драган Спасов - Дац. На Драмски театар во Скопје за директорка е назначена Викторија Рангелова Петровска, а на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ.
Манифестацијата Струшки вечери на поезијата - Струга одсега ќе ја предводи Тодорче Тасевски, а на Охридско лето е назначена Наташа Поповиќ.
Виктор Илиевски кој досега беше в.д. на Македонската филхармонија сега добива директорски мандат во оваа институција.