Тајфун ја погоди Јапонија - шест загинати и 160 повредени
Најмалку шест луѓе загинале, а 160 се повредени во невремето предизвикано од тајфун во Јапонија, пренесува британскиот сервис Би-Би-Си. Тајфунот, еден од најсилните во последните 25 години кој ја зафатил Јапонија, ги погодил западните делови од јапонскиот архипелаг, а јачината на ветерот изнесувала до 172 километри на час.
Ветерот предизвикал материјални штети, а десетици илјади луѓе останал без електрична енергија.
Локалните власти соопштија дека невремето погодило околу еден милион луѓе кои биле повикани да се евакуираат поради најавите за лизгање на земјиште и други непогоди.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, свика итна седница на владата и ги повика граѓните да преземат сите мерки за евакуација.