Продолжи раздвоената постапка против Јанкулоска во „Тенк“
![Продолжи раздвоената постапка против Јанкулоска во „Тенк“](https://gdb.rferl.org/77CA5D2F-1F1B-4011-BDD3-DE3924A5EC94_w800_h450.jpg)
Со изведување на писмени докази денска продолжи раздвоената постапка во Кривичниот суд против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот на СЈО „Тенк.“
Адвокатот на одбраната Боро Тасевски побара изведувањето на материјалните докази да се врши со нивна презентација за разлика од претходно кога се читаа само наслови од листата на докази.
Обвинителот на СЈО Стевчо Донев рече дека ваквиот предлог има за цел да се одложи постапката, посочувајќи дека одбраната не ја пори содржината на материјалните докази, туку начинот на презентација. Судот по 10-минутна пауза го отфрли предлогот на одбраната како неоснован и се продолжи со изнесувањето на писмени докази.
На претходните постапки беа сослушани повеќе сведоци предложени од обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес“ од 600 илјади евра во 2012 година. На следното рочиште треба да бидат сослушани сведоците предложени од одбраната.