Бубевски се надева на брза одлука на Апелациониот суд за „Тенк“
Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски изјави денеска дека се надева оти Апелациониот суд одлуката за жалбите по првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за случајот „Тенк“,ќе ја донесе брзо, за пет до шест дена. Бубевски по завршувањето на јавната седница ги оцени како неосновани сите жалбени наоди поднесени од адвокатите на обвинетите во случајот.
Според него, пресудата не се темели само на бомбите, а и самите прислушувани материјали со решение на Апелацискиот суд се прифатени да бидат доказ во постапката. На Груевски, како наведе Бубевски, не му застарува делото, бидејќи за него се водат четири активни судските постапки во Кривичниот суд во Скопје.