Во Естонија уапсени татко и син за шпионажа за Русија
Еден воен офицер и неговиот татко се уапсени во Естонија под сомнение за предавство и шпионажа за Русија. Естонското обвинителство соопшти дека 38 годишниот Денис Мецавас и неговиот 65 годишен татко, Пјотор Волин биле уапсени пред два дена.
Тие се осомничени дека од 2013 година предавале државни тајни на Естонија и други класифицирани информации на руските тајни служби. Мецавас служел во воените сили од 1998 година на различни позиции, вклучително и во мисијата на НАТО во Авганистан. Волин служел во граничните служби на КГБ за време на Советскиот сојуз.