Столтенберг пристигна во посета на Македонија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пристигна на меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ја започна дводневната посета на Македонија. Тој на аеродромот беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Утре Столтнеберг е предвидено да се сретне со премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници, како и со претседателот Ѓорѓе Иванов и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Неговата посета доаѓа на три недели пред најавениот референдум за промена на името на Македонија од што зависи и членството во Алијансата.