Вучиќ наредил прекинување на комуникацијата со косовската полиција
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска потврди дека српскиот претседател Александар Вучиќ одлучил да се прекине комуникацијата со косовската полиција и со КФОР.
„Претседателот одлучи да ја прекинеме комуникацијата со КПС и КФОР“, изјави Стефановиќ. Претходно медиумите објавија дека Вучиќ и наредил на војската, а потоа побарал и од полицијата и од БИА да ја прекинат секаква комуникација со косовската полиција, КФОР и други албански и меѓународни претставници кои делуваат на територијата на Косово, поради неговата посета.
Стефановиќ рече дека Вучиќ организирал состанок со група најблиски соработници пред да замине за Брисел: „Тука разговаравме за тоа што може да се направи и донесена беше одлука за одење во Брисел. Како што стојат работите денеска, јасно е дека не сме ни блиску до договор“, рече Стефановиќ.
Тој исто така, ја коментираше ситуацијата во врска со посетата на претседателот Вучиќ на Косово, која е планирана за време на викендот и наведе дека постои разочарување во меѓународната заедница која, како што рече, не направила ништо.
„Пасивно реагираа на бруталното однесување на Албанците. Ние сме изложени на сите видови притисок и сето тоа ги отежнува разговорите. За посетата ќе одлучиме кога ќе се врати од Брисел. Ако претседателот одлучи да оди, никој нема да го уапси таму. Гарантирам дека никој нема да го уапси“, рече Стефановиќ.