Вучиќ одби да се сретне со Тачи во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ одлучи да не се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу двете земји.
Претседателот на Србија денеска во Брисел нема да разговара со косовскиот претседател Хашим Тачи, а прашање е дали ќе продолжат разговорите со Приштина, изјави пред новинарите во Брисел директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.
Тој истакна дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“ и според него, Вучиќ одлучил да го стори тоа поради „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.
Ѓуриќ нагласи дека Белград сака да го зачува мирот, но не може да прифати закани и да се забрани посетата на претседателот на Србија на Косово.
Тој исто така истајкна дека беа направени несоодветни обиди да се прикријат разговорите и обидите на (Хашим Тачи) Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат прикажани како дел од територијата на Косово. „Единствената територија за која треба да се разговара е територијата на Косово“, додаде Ѓуриќ.