Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА
Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА). Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години. Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.