Могерини верува во постигнување договор меѓу Белград и Приштина
Ќе свикам средба на високо ниво во Брисел во рамки на дијалогот пред седницата на Генералното собрание на ОН, за да ги обединам двете страни заради продолжување на работата на содржината на договорот за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово, изјави денеска високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.
Таа денеска имаше одделни средби во Брисел со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи. Могерини истакна дека верува во постигнување договор помеѓу двете страни во наредните месеци, откако денеска во Брисел требаше да се одржи уште еден круг преговори на високо ниво меѓу Белград и Приштина, но српскиот претседател Александар Вучиќ си замина од Брисел по средбата со Могерини, без да разговара со косовските претставници.