Сепаратистите во Доњецк избраа наследник на Захарченко
Денис Пушилин, претседател на „народниот совет“ на сепаратистичката формација наречена Народна Република Доњецк (НРД) во источна Украиниа, е избран на в.д. претседател на ДНР, информираат денеска руските државни медиуми.
Во извештаите се вели дека 37-годишниот Пушилин бил избран на функцијата, откако лидерот на сепаратистите во Доњецк Александар Захарченко беше убиен во експлозија во градско кафуле на 31 август.
Претходно, самопрогласените обвинители во непризнатата формација го поништија назначувањето на Дмитриј Трапезников на функцијата, велејќи дека таа може да ја пополни само првиот заменик министер на ДНР.
Пушилин наводно има преживеано два обиди за атентат против него во 2014 година.
Исто така денеска „народниот совет“ на ДНР го назначи 11 ноември како датум кога треба да биде избран шеф на ДНР кој ќе го замени Пушилин.
Овој потег се чини дека ќе го прекрши договорот од Минск за регулирање на конфликтот во источна Украина, според кој прашањето за избори во областите под контрола на сепаратистите мора да биде договорено од страна на трипартитна контакт група, во која треба да бидат вклучени претставници на Украина, ОБСЕ и сепаратистите.