Тевдовски: наплатата на даноци повисока за 120 милиони евра
![Тевдовски: наплатата на даноци повисока за 120 милиони евра](https://gdb.rferl.org/42849FC0-E794-4195-AE09-C98468D430D1_w800_h450.jpg)
Наплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски, наведувајќи дека тоа укажува на поголема економска активност, односно поголема добивка на фирмите, повисоки плати и нови работни места.
„Наплатата на даноците покажува интензивирање на економската активност. Во периодот јануари-август наплатата на даноците е седум отсто повисока. Ова се должи во голема мера на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25проценти во однос на лани или за околу 35 милиони евра. Тоа укажува на зголемена активност на фирмите“, вели Тевдовски.
Спред него високата наплата на придонеси во првото полугодие од годинава е поврзано со растот на платите за 5,6 отсто и растот на бројот на работни места за околу 10.000 нови. Тој додаде дека сервисирањето на обврските од државата се одвива непречено.