Напад врз седиштето на државната нафтена компанија во Либија
Либиските власти соопштија дека најмалку две лица се убиени и 10 повредени, откако вооружени напаѓачи денеска го нападнале седиштето на државната компанија за нафта во Триполи.
Шефот на Националната нафтена корпорација (НОК), за либискиот телевизиски канал „218 вести“, изјави дека вработени во компанијата се убиени и дека има повредени кои биле во „сериозна состојба.“
Министерот за внатрешни работи Абдул Салам Ашур изјави дека зградата на НОК била додека вработените биле внатре и дека и дека започнала престрелка меѓу чуварите и напаѓачите.
Либиската Влада поддржана од ОН соопшти дека напаѓачите земале заложници. Портпаролот на специјалните либиски сили „Рада“ изјави дека ја заобиколиле зградата и дека двајца вработени во НОК и двајца напаѓачи биле убиени. Во близина на канцелариите на НОК по нападот може да се забележи чад.