Путин и Абе разговараа за Северна Кореја
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе, разговарајќи за нуклеарната програма на Северна Кореја и за други прашања на првата од неколкуте планирани средби со лидерите на Азија. По разговорите со Абе во рускиот пристанишен град Владивосток, кои се одржаа денеска, Путин рече дека размениле ставови за "важни меѓународни прашања" и дека Москва и Токио ќе "продолжат со цврсти контакти за да го поттикнат меѓуресорскиот дијалог".
Абе пристигна во Владивосток пред економскиот форум што од 11-13 септември ќе се одржи во градот. Кинескиот претседател Кси Јинпинг и премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јон ќе присуствуваат на форумот и ќе се состанат со Путин подоцна.