ИД ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул
Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во близина на поворката во главниот град на Авганистан, во чест на смртта на лидерот на отпорот, при што загинаа најмалку седум лица. Во вчерашниот нападот, се разнесе самоубиец на мотоцикл, убивајќи седум лица и повредувајќи 25 други, сите цивили.
Портпаролот на полицијата во Кабул, Хашмат Станеџаи, за Радио Слободна Европа изјави дека експлозијата се случила за време на процесијата во чест на поранешниот командант на муџахедините Ахмад Шах Масуд.
Претходно авганистанските безбедносни сили застрелаа и убија еден човек за кој рекоа дека планира да се разнесе во близина на приврзаниците на Масуд, кој водеше отпор кон советската окупација на Авганистан во 1980-тите и на власта на Талибанците од 1996-2001 година.