Ципрас во ЕП ги критикуваше опозициските партии во Македонија и Грција
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска на дебата со европратениците во Европскиот парламент ги критикуваше двете опозициски партии во Грција и Македонија, кои, како што рече, двајцата премиери ги обвинуваат за „предавство“.
„Заев и јас сме обвинувани во нашите земји дека сме предавници. Мицотакис и Мицкоски, кои му припаѓаат на ЕПП, нѐ обвинуваат со потполно истите аргументи, адаптирани на земјата дека сме предавници и договорот е штетен. Не мислите дека бидејќи двајцата конзервативни лидери нѐ обвинуваат дека сме предавници тоа веројатно значи дека и јас и Заев правиме нешто добро, го отвораме патот кон мирот, перспектива за соработка и мирна иднина, историска иднина и на тоа сум многу горд“, рече Ципрас.