Рударите ќе одат во пензија само со работен стаж
![Рударите ќе одат во пензија само со работен стаж](https://gdb.rferl.org/22D983D1-A36C-431C-A2B1-B661AE7B0328_w800_h450.jpg)
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска информираше дека рударите ќе се пензионираат само со работен стаж - жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, за што веќе се изготвени и законски измени.
На денешната седница, како што нагласи министерката, била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенфициран стаж на рударите.
„Со досегашниот закон тие би заинувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години“, рече Царовска.