Јункер: „ЕУ да дефинира неотповиклив став за проширувањето кон Балканот“
Мораме да го дефинираме на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западен Балкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во своето годишно обраќање пред Европскиот парламент за „Состојбата на ЕУ.“
Јункер досегашните проширувања на ЕУ ги оцени како успешни, но наведе дека се уште „останува да се направат напори“, во однос на проблемите со владеењето на правото во неколку источноевропски земји како Унгарија, Полска и Романија.
Минатата година Јункер побара да му се овозможи „кредибилна перспектива“ на Западен Балкан.
„Ако сакаме повеќе стабилност во нашето соседство, тогаш мораме да одржиме кредибилна перспектива за проширувањето на Западниот Балкан“, рече Јункер.