Џип влетал во пешаци во Кина, деветмина загинати, десетици повредени
Џип влетал во пешаци на преполн плоштад во градот Хенгдонг во кинеската провинција Хунан при што загинале девет луѓе, а 40 биле повредени, пренесуваат кинеските медиуми. Полицијата го уапсила 54-годишниот возач, кој, како што се соопштува, и претходно бил во затвор поради различни престапи.