МПЦ-ОА: Граѓаните по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот
![МПЦ-ОА: Граѓаните по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот](https://gdb.rferl.org/4F16E626-BF11-48EC-A1F3-E95DB457FC5E_cx6_cy0_cw87_w800_h450.jpg)
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор.
„Светиот архиерејски синод на МПЦ - ОА ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“, се вели во соопштението од Синотот од неговата денешна редовна седница.