Странциите даваат поддршка, на Македонија ѝ останува да гласа
Поддршка на Договорот со Грција за името и на референдумот на 30 септември денеска дадоа високите дипломати кои се во посета на Македонија. Тие на средбите со политичкиот врв ги поздравија чекорите на земјата за интегрирање во ЕУ и НАТО. Во посета на Македонија се шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, американскиот помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Арон Вес Мичел и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.