Заев: Нема да ја испуштиме шансата за просперитетна Македонија
![Заев: Нема да ја испуштиме шансата за просперитетна Македонија](https://gdb.rferl.org/bd26a26f-18dc-4bb5-9168-fdcc518bb5d4_tv_w800_h450.jpg)
Претстојниот референдум за Договорот со Грција е најдобрата шанса која нема да ја пропуштиме, бидејќи приклучувањето кон европското семејство ќе значи поголема стабилност и просперитет дома, рече денеска меѓу другото, премиерот Зоран Заев во своето обраќање на пленарната седница на Европарламентот.