Могерини: На 30-ти септември, Вие го имате клучот за вашата иднина
![Могерини: На 30-ти септември, Вие го имате клучот за вашата иднина](https://gdb.rferl.org/02111AC7-B8EA-49D2-A747-92803B3F5499_w800_h450.jpg)
„На 30-ти септември кога ќе излезете на гласање, запамтете дека вие го имате клучот за вашата иднина. Немојте да молчите, клучевите се кај вас и немојте да ја пропуштите ова можност, бидејќи се работи за вашата иднина,“ порача шефицата на европска дипломатија Федерика Могерини по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Старата чаршија.
Могерини истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија и дека само со заедништво и посветеност може да се постигне многу во однос на просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот.
На новинарско прашање во врска со ставот на опозицијата, која повика секој граѓанин да постапи по свое убедување, Могерини рече дека нема да се меша во домашната политика на земјата, но уште еднаш ги повика сите да излезат на гласање и да го искористат како што рече историскиот момент.
Според Могерини земјата направила значителен прогрес и резултати во изминатите година и пол, а договорот за името со Грција го нарече чин на политичка храброст, лидерство и одговорност, но и инспирација за целиот западен Балкан.