Британија: Рекорден број осудени за тероризам
Бројот на осудени лица за тероризам во Велика Британија достигна најголема бројка од 2009 година, откога се следи таа статистика.
„Не само што успешно осудуваме повеќе луѓе отколку претходно, туку и најлошите престапници ги праќаме во затвор на подолго време, што помага за јавната безбедност,“ изјави заменик- асистентот на комесарот на полицијата Дин Хејдон.
До 30 јуни оваа година, 90 лица беа осудени за тероризам, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на апсења во врска со тероризам е намалаен за 22 отсто (од 449 на 351).