Могерини и Мичел: Референдумот историска шанса за граѓаните
Во посета на Македонија и на средби со премиерот Зоран Заев денеска беа шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Арон Вес Мичел. Двајцата со идентични пораки, граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот, бидејќи на нив е да ја донесат одлуката за иднината на Македонија.