На пратениците и функционерите да им се укине имунитетот, бара шпанскиот премиер
Во говорот по повод 100 дена од неговата Влада, шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците и на лица на функции, објави Ројтерс.
За усвојување на ваков предлог потребна е парламентарна поддршка, а Социјалистичката партија на Санчез има 84 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот.