Туск испрати порака до Македонија на македонски јазик
Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави денес на својот „Твитер“ профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и преку видео порака на македонски јазик ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот и да не ја пропуштат шансата која ни се нуди.
„Во животов многу ректо добиваме можност да ја смениме својата судбина, а уште поретко можеме да ја смениме судбината на цела нација. Тоа е моето лично искуство. Немаше да ви зборувам за ова денес ако не верував дека и вие можете да успеете. Мојата животна поука е едноставна „никогаш не ја пропуштајте добрата шанса кога ќе ве повикаат да гласате“, порача Туск.