Тачи: компромис со Србија само преку корекција на границите
Претседателот на Косово Хашим Тачи денеска изјави дека договор во дијалогот за нормализација на односите со Србија е можно да се постигне единствено со компромис, за кој, како што оцени, потребно е да се изврши корекција на границите, јавува БЕТА. Тачи на прес-конференција рече дека договор меѓу двете земји „би отворил европска перспектива за Косово.
„Стабилноста на Косово е тесно поврзана со зачленувањето во меѓународните организации, а тоа не можеме да го постигнеме без перспективни добрососедски односи. Во тек се реформи и модернизација на ЕУ, вратите за проширување се отворени, но претходно државите треба да ги решат своите отворени проблеми“, рече Тачи.
Тој додаде дека и покрај сите напори на ЕУ и НАТО, Србија нема да го признае Косово: „има некои кои велат дека Србија треба да го признае Косово, јас со тоа се согласувам со тоа, но сега Србија нема да направи такво нешто. За жал, покрај сите напори на САД и ЕУ да ја убедат Србија да го признае Косово, тоа не се случува“, рече Тачи.