Пакистанскиот суд го ослободи поранешниот премиер Шариф
Пакистанскиот суд ги суспендираше затворските казни кои претходно им беа изречени на соборениот поранешен премиер Наваз Шариф, неговата ќерка и неговиот зет.
Врховниот суд во Исламабад денеска ја објави одлуката, наредувајќи ослободување со кауција на Шариф, Мариам Наваз и Мохамед Сафдар, во очекување на судењата по нивните жалби.
Судот наредил тројцата да бидат ослободени со кауција од околу 4.000 долари.
Судот во јули го осуди поранешниот пакистански лидер и неговат ќерка на 10 години и седум месеци затвор за купување луксузни апартмани во Лондон во 90-тите години. Сафдар беше осуден на една година затвор.
Тие ги негираа прекршоците, а Шариф ги нарекуваше политички мотивирани.