Заеднички воени вежби на Романија и Бугарија
![Заеднички воени вежби на Романија и Бугарија](https://gdb.rferl.org/EC727B12-58B8-4611-8BF3-48C84E558C81_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Воздухопловните сили на Романија и Бугарија денеска одржаа координирани вежби, насловени „Син мост 2018“, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека бугарскиот „Миг-29“ успешно ја завршил вежбата на пресретнување на романскиот „Миг-21.“
Вежбата имала за цел пилотите да ги стави во ситуација кога во воздушниот простор ќе се појави авион без дозвола за лет. Националните центри за надгледување на воздушниот сообраќај, исто така, спроведоа вежба за размена на контролите за летање.