Уставен Суд ја отфрли иницјативата за неуставност на референдумот
Уставниот Суд на денешната седница не изрази сомнеж за неуставност и незаконитост на оспорената одлука за уставноста на референдумот на 30 септември.
Имено со 7 гласа против и 2 гласа за, уставните судии ја отфрлија иницјативата поднесена од Димитар Апасиев од Левица и Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес.
Судијата известител Елена Гошева на почетокот на седницата ја оцени иницијативата како основана оспорувајќи го формулираното референдумско прашање и формата на референдумот. Таа оцени дека договорот од Преспа е ништовен поради тоа што министерот за надворешни работи немал правни овластувања за таков тип договори.
За разлика од неа уставните судии Дарко Костадиновски, Осман Кадриу, Вангелина Маркудова, Насер Ајдари и Сали Мурати се изјасниле дека не се за поведување иницијатива, сметајќи дека не се прекршени законот и уставот за референдум.