Пентагон: Русија и Кина се најголеми кибер-закани за САД
![Пентагон: Русија и Кина се најголеми кибер-закани за САД](https://gdb.rferl.org/294F8322-0F67-44AE-8F8B-4536A075832B_w800_h450.jpg)
Американската армија проценува дека Русија и Кина претставуваат најголема закана за кибер-безбедноста на САД. Во новата стратегија за кибер-безбедноста, прва од таков вид изработена во мандатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се оценува дека Русија влијаела врз американското население и се мешала во политичките процеси во земјата, додека Кина се обидува да украде доверливи податоци од американската Влада, како и од приватни компании.
"Пентагон ќе работи на тоа да ги попречи овие недобронамерни активности", пишува во стратегијата. Во документот е предвидено единиците за кибер-безбедност на САД да работат заедно со копнените, морските и воздушни сили на САД како и со новоформираната вселенска воена служба.