Најмалку 70 исчезнати по тајфунот на Филипини
![Најмалку 70 исчезнати по тајфунот на Филипини](https://gdb.rferl.org/BE23563F-78C2-4E58-87D5-F0E630C28F97_w800_h450.jpg)
Стотина спасувачи денеска ја продолжуваат потрагата по десетиците исчезнати во масовниот одрон на земјиштето, предизвикан од тајфунот Мангхут, одговорен за смртта на 81 лице на Филипините. Повеќето мртви и исчезнати се од северните области на Кордилера, вклучително и од најпогодената провинција Бенгет, каде што поради одрон на земјиштето беше затрупано старото рударско место во Итогон. Повеќе од 236.000 жители се раселени поради тајфунот Мангхут, најсилен досега на Филипините оваа година, кој му наштети на земјоделството, а штетата се проценува на 270 милиони долари, соопшти Националната комисија за катастрофи. Филипините во просек ги погодуваат 20 циклони секоја година, предизвикувајќи поплави, одрони на земјиштето и други несреќи.