Германија скептична за идејата за коригирање на косовско-српската граница
![Германија скептична за идејата за коригирање на косовско-српската граница](https://gdb.rferl.org/756BF24E-939E-4E0A-A992-3E3A503FEFB9_w800_h450.jpg)
Берлин е скептичен во врска со идејата за корекција на границите, изнесена во преговорите меѓу Косово и Србија, изјави министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас кој денеска престојува во посета на Албанија. Тој додаде дека е загрижен поради можен домино ефект.
Претседателот на Косово Хашим Тачи претходно изјави дека темата за корекција на границата, со која српската Прешевска долина населена претежно со Албанци, би се припоила кон Косово, ќе биде вклучена во преговорите со Белград.