Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот
“Нема да вршиме влијание на граѓаните како да се изјаснат, тоа е нивно политичко и со закон загарантирано право, но сакаме сите да ги повикаме да излезат на референдум и да не дозволат никој да манипулира со нивниот глас и сите да им помогнат на здравите структури да се избориме со јазикот на омраза, со лажните вести, со спиновите и црната пропаганда”, истакнаа од Цивил центарот за слобода при денешната презентација на проектот „Гласам, значи постојам“.
Екипата на невладината „Цивил центар за слободи“ смета дека постојат одредени структури кои сакаат да ги заплашат граѓаните слободно да се изјаснат на референдумот на 30 септември.
„Мора да признаеме дека сепак постојат одредени структури кои се обидуваат да ги заплашат граѓаните, да им се заканат, па дури и да повикаата на насилство, што во секој случај не е изнесување на политички став, туку е обид за дестабилизација. Затоа ги повикуваме граѓаните и одговорните институции да преземат се што им е со закон загарантирано, против јазикот на омраза, против црната пропаганда и против заканите“, изјави Синиша Станковиќ од „Цивил центарот за слободи“.
Невладината ќе излезе со анализите за периодот пред, за време и по референдумот.