„Блокбастер“ или театарот како политички чин
![„Блокбастер“ или театарот како политички чин](https://gdb.rferl.org/4DBBB304-208F-47D6-A59E-5D88E93F01E6_cx0_cy4_cw96_w800_h450.jpg)
Со „Блокбастер“ на белгискиот Колектив Мензуел, „театарската НЛО претстава“ или филмот-пародија создаден со повеќе од 1400 кадри извадени од 160 холивудски филмови, в четврток на 20 септември, во 20 часот, во МНТ ќе започне 43-то издание на Млад отворен театар. Станува збор за гигантска монтажа преку која е раскажана приказната за насилството од доминантната класа на обичните луѓе каде што хуморот се користи како инструмент за протест.