Потона тракет во Танзанија, најмалку 86 загинати
Државните медиуми во Танзанија објавуваат дека најмалку 86 луѓе се загинати при несреќа на траект на Езерото Викторија.
Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда.
Се смета дека десетици други се водат за исчезнати, но оти потрагата продолжува.
Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Таквите бродови често се преполни и носат стотици луѓе.
Властите велат дека траектот потонал неколку метри од пристаништето во близина на островот Укара во областа Укереве.