Папата Френциск во посета на Балтичките земји
Папата Френциск денеска пристигна во Вилнус, Литванија, првото одредиште од четиридневната посета на Балтичките земји. Освен Литванија, папата ќе ги посети и Латвија и Естонија. Балтичките држави оваа година ја одбележуваат 100-годишнина од својата независност.
За време на својата прва посета во претежно католичка Литванија, Френциск ќе им оддаде почит на жртвите на нацистичката и на советската окупација во регионот.