Полицијата открила 121 мигрант на граничната линија кај Лојане
Полицијата за пет дена спречила илегален влез во Македонија од Србија на 121 мигрант кај граничната линија во близина на село Лојане. Од нив 112 биле од Иран, шест од Авганистан, а тројца од Индија.
Активностите се спроведени од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“.