Турција ќе воведе безбедни зони во Сирија
Турција источно од реката Еуфрат во Сирија ќе спроведе акција и ќе воведе безбедни зони како што направи во северозападниот дел на земјата, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк каде ќе учествува на Генералното собрание на ОН.
„Во иднина ќе го зголемиме бројот на безбедни зони во Сирија и подрачјето источно од Еуфрат“, рече Ердоган.
Турција пред операцијата во регионот Африн спроведе и операција насловена „Штит на Еуфрат“ насочена против борците на Курдската народна одбрана (ЈПГ) и борците на Исламската држава источно од Африн.