Жената која го обвини кандидатот за Врховниот суд на САД ќе сведочи пред Сенатот
![Жената која го обвини кандидатот за Врховниот суд на САД ќе сведочи пред Сенатот](https://gdb.rferl.org/8C336257-CD36-4CFD-9D7B-EFEC5B32D7E0_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Жената која за сексуално вознемирување го обвинува Брет Кавано, кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за судија на Врховниот суд се согласила в четврток да сведочи пред ресорниот комитет на Сенатот. Кристин Блејзи Форд го обвинува Кавано дека сексуално ја нападнал пред повеќе од 30 години кога биле тинејџери. Кавано ги негира обвинувањата. Овие обвинувања го стави под прашалник неговиот избор за Врховниот суд, а со тоа и намерата на репбликанците да имаат глас повеќе во највисокиот суд на САД.