Собранието нема да ја следи работата на изборните органи на референдумот
Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот, нема да определи претставници да ја следат работата на изборните органи на референдумот, одлука која е договорена на денешна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи.
За одлуката ќе биде известен претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. По референдумот на 30 септември, првата пленарна седница во Собранието би можело да се очекува да се одржи на средината на октомври, додека комисиски седници ќе се одржат во деновите пред одржувањето на седницата.