Италијански медиуми запленети при истрага против мафијата
Дневен весник и телевизиски станици во вредност од над 150 милиони евра, кои припаѓаат на издавачот и уредник на сицилијанскиот весник „Ла Сицилија“ се запленети денеска при истрага која се води против мафијата. Судот во Катанија нареди конфискација на имотот на Марио Чанчо Санфилипо, по што е конфискувана целата негова медиумска група, вклучувајќи го „Ла Сицилија“ и мнозинската сопственост во дневниот весник „Ла газета дел мецоџорно“ како и две регионални ТВ станици.